Испечати

Пржена банана во мед

Пржена банана во мед

Состојки

  • 1 банана
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица вода
  • по потреба цимет, маслиново масло

Подготовка

Бананите ги сецкаме на кругови и ги ставаме во загреана тава, во која сме ставиле маслиново масло, доволно колку да не се залепат бананите. Ги пржиме додека не покафенат, па ги превртуваме од другата страна. Доколку забележите дека веднаш поцрнуваат, намалете ја јачината.
Во меѓувреме медот го мешаме со една лажица вода. Кога бананите ќе бидат пржени го истураме во тавата, и оставаме кратко додека да се карамелизираат парчињата банана. Наросуваме цимет.
Совет - одберете банани кои се зрели, но не презреани за да не ви се распаднат во процесот на пржење = )