Испечати

Егзотични медењаци

Егзотични медењаци

Состојки

  • 125гр маргарин
  • 120 гр шеќер во прав
  • 120 гр мед
  • 380-450 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 1 лажиче мелен ѓумбир
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче какао
  • 1/2 лажиче морско оревче
  • 1/2 лажиче кора од лимон
  • 70 гр ситно сецкано суво овошје( брусница, суво грозје,кајсија)

Подготовка

Прво во вангличка се мати маргаринот со шеќерот, се додава јајцето, медот, па постепено останатите состојки.
Убаво сето се измесува со рака и се сучи кора на набрашнета маса.
Се вадат форми по желба и се печат 20 минути на 180 степени.
Пожелно е да се вадат форми со метално калапче, во случај негде ако запни од сувото овошје да може да го пресечи.