Испечати

Руска торта од Верона

Руска торта од Верона

Состојки

  • 1 лист округло лиснато тесто
  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр путер
  • 100 гр мелени бадеми
  • 100 гр мелени амарети колачиња
  • 170 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица рум или амарето ликер

Подготовка

Оваа торта потекнува од Италијанскиот град Верона кој е направил слаткар од тој град и е нарекол со ова име. Иначе нема никаква врска со Русија, некој русин или русинка хехе.
Путерот стопете го на тивок оган и оставете го да олади.
Во сад измешајте ги брашното, пецивото, бадемите и амаретите.
Лиснатото тесто заедно со хартијата ставете го во тава бр.26 и избоцкајте го со вилушка. Доколку сакате тортата да ви е малку повисока може да употребите и тава бр.24.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да постанет светли и кремасти. Додајте го оладениот путер и повторно изматите да се соедини. На крај додајте ги измешаните суви состојки и румот или амаретото и изматете ги да се изедначат.
Смесата истурете ја над лиснатото тесто и порамнете ја. Краевите од тестото малку свиткајте ги над смесата од тортата. Одозгора наредете и неколку бадеми за декорација.
Ставете ја да се пече околу 30-35 минути или печењето прилагодете го спрема вашата рерна или проверете со чепкалка.
Тортата оставете ја да олади и потоа послужете ја.