Испечати

Кари со слатко од смокви и басмати ориз со бадеми и суво грозје

Кари со слатко од смокви и басмати ориз со бадеми и суво грозје

Состојки

  • 1кг пилешки стек
  • 1 кромид
  • 2 лукчиња
  • 50гр путер
  • 3 каранфилчиња
  • 1/4 мускатно оревче
  • 1/2кутија кари прав
  • 2 лажици слатко од смокви
  • 200мл павлака за готвење
  • 1 лимон
  • 1 лажица доматно пире
  • 200 гр басмати ориз
  • 50гр суво грозје
  • 50гр непечени бадеми
  • 50гр ореви
  • 1/2лажичка куркума

Подготовка

На путер се пржи кромидот сечен на полу месечинки, се додава стекот сечен на коцки, лукот и каранфилчињата и се запржува убаво па се додава вода колку да покрие и се вари на тивко 20мин. Откако ќе испари водата се вадат каранфилчињата и се додава доматното пире, карито, мускатното оревче, бибер, сол, слаткото од смокви и лимонот сечен на коцки со кора.
Се запружува убаво па се додава една чаша вода и се вари усте 10 мин. Се вади лимонот и се додава павлаката.
Една чаша ориз се вари во две чаши вода со пола лажиче куркума. Кога ќе се свари оризот се додаваат сувото грозје, бадемите и оревите.