Цимет погача
Состојки
- тесто
- околу 500гр брашно
- 150 мл топло млеко
- 100мл кисела вода
- 40 гр свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 1 јајце
- 3 лажици масло
- 1 ванила
- за премачкување
- 80гр маргарин
- 2 лажички цимет
- 1 лажиче какао
- 2 лажици мармалад
- 1 јајце за премачкување одозгора
Подготовка
Од горе наведените состојки се замесува средно меко тесто и се остава да кисни 15 минути.
Потоа тестото се дели на 4-5 топки.
Секоја топка се расукува во мала коричка.
Во вангличка се соединуваат сите сосотојки за премачкување и се соединуваат со миксер.
Сега на секоја кора се премачкува од филот со цимет.
Се редат една врз друга а најгорната кора не се мачка.
Нежно со суклалото се соединуват сите.
Сега вака добиената кора се став врз хартија за печење.
Со остар нож се прават засеци како на сликата, знаци не до крај во средината.
Со помош на хартијата се става во тава за печење.
Се премачкува со изматено јајце и кисни 20 минути.
Се пече на 180 степени околу 30 минути.