Пржен лосос прелен со сос од бело вино
Состојки
- 800 гр кременадли од лосос
- сол, брашно, маслиново масло
- сос
- 1-2лажици маслиново масло
- 1лажиче брашно
- 1лажиче сок од лимон
- 100 мл бело младо вино- божоле
- бибер, сол, магдонос
- гарнир
- 2 сварени компири
- 2 сварени моркови
- 200 гр бланширана брокула
- зачин, масло , ѓумбир во прав
Подготовка
Едноставен, но колоритен и здрав ручек.
Тој беше на денешното мени кај нас.
Па еве го презентирам како предлог
Прво измиените и исушени парчиња лосос се посолуваат па се валкаат во брашно.
Се пржат на загреано маслиново масло, од двете страни.
Се внимава рибата да не се препржи, бидејќи лососот е релативно посна риба.
Во меѓувреме се прави сосот.
Во мала касерола на оган се става маслиново масло и брашно малку да се запржат.
По желба може да се додаде и чешне лук.
Се додава лимоновиот сок и младо бело вино.
Се вари на тивко да се згусни.
Се зачинува по вкус и се додава сецкан магдонос.
За гарнир веќе сварениот зеленчук се запржува 5-7 минути на малку маслиново масло и се зачинува.
Се сервира лосос, гарнир и се прелева со сосот.
Сосот може да се служи и одделно, кој сака може да додаде и сецкан лук.
Количината на сос може да ја прилагодите според потребите на вашето семејство, односно да ја дуплирате.