Испечати

Спанаќ со ќофтиња

Спанаќ со ќофтиња

Состојки

  • 1кг спанаќ
  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 2 парчиња бајат леб
  • 3 лажици брашно
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 стакче праз

Подготовка

Го ставаме спанаќот да се подвари, а во меѓувреме ги спремаме ќофтињата.
Празот го сецкаме на ситно и го пропржуваме .
Лебот го дробиме на ронки и заедно со празот и јајцето ги додаваме во меленото месо. Се додаваат зачини по желба. (подготвуваме стандардана смеса за ќофтиња ). Правиме топчиња од смесата и ги запржуваме 2-3 мин во загреано масло.
Се вадат кофтињата и во маслото додаваме 3 лажици брашно и постепено го додаваме млекото.
Кога ќе е готова смесата ја тргаме настрана и ја промешуваме заедно со предходно исецканиот омекнат спанаќ. Додаваме зачини по желба и го истураме во тавче. Одозгора ги редиме ќофтињата. Се става во рерна и се пече околу пола час на 200 степени.
Спанаќот е моето омилено јадење, па топло ви го препорачувам овој рецепт.