Чоко колаче од микро готово за 90 секунди
Состојки
- 100 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 1 лажица какао
- 5 лажици млеко
- 4 лажици масло
- прстофат сол
- 2 коцки млечно чоколадо полнето со фил од лешник
Подготовка
Еве едно супер брзо колаче кое се спрема со состојки кој секогаш ни се при рака, а само колку е вкусно да знаете...мммм
Измешајте ги сувите состојки посебно, а посебно течните, па соединете ги убаво да нема грутки.
Ставете ги во чаша која може да се користи за микро. Исецкајте две коцки чоколадо и боцнете ги во смесата.
Ставете ја чашата во микро и печете го колачето на највисока температура(кај мене е 750), 60 секунди. Проверете го колачето и ако има потреба допечете уште 30 секунди, како мене.
Колачето не смее да се пече повеќе од две минути, бидејќи треба да остане меко и сочно внатре. Можеби можете да забележите на сликата светло кафеав дел во колачето, тоа е полнежот од лешник, кој му даде уште поубав вкус на ова преубаво чоко колаче =)