Печена брокула
Состојки
- 1 парче брокула
- по потреба маслиново масло
- зачини- сол, бибер, лук во гранули
Подготовка
Ова е едноставен рецепт кој можете да го спремите како додаток со некое јадење и брокулата спремена на овој начин, печена, го нема тој специфичен мирис.
Најпрво ги сечкаме цветовите брокула, а исто и стебленцата на еднакви парчиња. Ја миеме брокулата и ја сушиме.
Потоа ја посолуваме, ставаме бибер и малку лук во гранули, па налеваме маслиново масло. Оставаме малку да ги впие зачините, па ја распоредуваме врз хартија за печење и ја ставаме во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе ја смени бојата накај кафеаво, ја превртуваме од другата страна, и печеме додека и таа страна не стане кафеава.
Се служи додека е топла.
На здравје!