Испечати

Домашни кифлички со зденка и маслинки

Домашни кифлички со зденка и маслинки

Состојки

  • тесто
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 пециво
  • 3 јајца
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кг брашно
  • 2 филџани масло
  • 500мл млеко
  • за фил
  • 4-5 зденки
  • по желба маслинки
  • сусам, ким или крупна сол

Подготовка

Ова е еден рецепт за кифлички што јас одамна го правам, на сите слави, родендени, имендени или било какви збиранки ако нешто е прво на маса тоа се кифлички. Цело време се обидувам да најдам некој нов рецепт за поубави и помеки кифлички ама досега не ми успеало. Епа фала ти Радица што ми го кажа и што заради овие кифлички сите се хепи по дома.

Процедурата на правење е стандард за замесување тесто. Во подлабок сад се соединуваат брашно, пециво, сол, 1 цело јајце и 2 белки (зошто 2-те жолчки се за премачкување на кифлите) и 2 филџани масло. Јас почесто кога имам комбинирам 1 филџан масло и 1 филџан свинска маст, така се уште помеки и по воздушести. Во садот се додава и стасаниот квасец нормално претходно зафатен со лажичка шеќер неколку лажици брашно и млака вода. Млекото се загрева и со него се замесува меко тесто. Тестото е многу лесно за месење и обликување зошто е доволно мрсно и лесно се одлепува од работната површина. Се остава да го зголеми волуменот и да нарасне.

Потоа се дели на четири дела. Од секое топче се сучи округла кора со дебелина од 0.5 мм и се дели на 12 триаголници. Зденката се соединува со исецканите маслинки (процентот е по вкус) а може да се полнат и со било кој друг фил.
По едно мало лажиче се става врз секој триаголни и се витка кифличка. Така се прави со сите триаголници. Се оставаат кифличките уште еднаш да нараснат и се премачкуваат со изматените 2 жолчки помешани со малку масло. Врз секоја од нив се става мало парченце маргарин или путер и се печат на зареана рерна на 180-200 степени 15-тина мин..

п. с Заборавив да пресечам една за да се види полнењето..простете ми