Испечати

Еврејски колач

Еврејски колач

Состојки

  • Тесто
  • 600 гр. брашно
  • 1/2 коцка квасец (20гр.)
  • 3 супени лажици шеќер
  • 250мл. млеко
  • 150 гр. путер
  • 3 жолчки
  • Фил 1
  • 300гр. мелен мак
  • 200мл. млеко
  • 150 гр. шеќер
  • 2 супени лажици мед и рендана кора од лимон (малку)
  • Фил 2
  • 150мл. млеко
  • 100гр. шеќер
  • 300 гр. мелени ореви
  • Фил 3
  • 1 кг рендани јаболки (кисели се поубави)
  • 150гр. шеќер
  • цимет и ванила по желба
  • Фил 4
  • една тегла мармалад од кајсии ( 720 гр.)

Подготовка

Сум го пробала многу пати, превкусен е. Се решив да си го направам по повод мојот роденден. Му се насладив.
Подготовката не е тешка, но бара многу време и еден куп садови за миење, ама вреди.
Од брашното, млекото, омекнатиот путер, жолчките, шеќерот и квасецот замесуваме тесто кое го делиме на 5 дела и го оставаме да одмори 2 часа, покриено со крпа.
За тоа време започнуваме со подготовка на филовите.
Фил 1
Млекото и шеќерот ги ставаме да зовријат, па во нив го додаваме мелениот мак, медот и ренданата кора од лимон, оставаме да проврие уште 5 мин. тргаме на страна убаво да се олади.
Фил 2
Млекото и шеќерот ги ставаме да зовријат и во нив ги додаваме мелените ореви, убаво промешуваме да се соедини и оставаме на страна да се олади.
Фил 3
Во ренданите јаболки го додаваме шеќерот и ги пржиме на тивок оган 15 мин. Откако ќе се оладат во нив додаваме цимет и ванила.
Фил 4
Тука нема што да се спрема, само се отвора теглата. Јас направив измена во вкусот на мармаладот, зошто оваа година не направив мармалад од кајсии. Ставив од праски помешан со малку мармалад од сливи. (прекрасен вкус).
Тавата во која ќе се пече колачот треба да е длабока и правоаголна.
Од секое топче тесто расукуваме правоаголна кора со големина на тавата. Редиме по следниот редослед...
Кора па Фил од рендани јаболка( фил 3), па кора, па Фил со мелен мак(фил 1), па кора, па Фил со мелени ореви (фил 2), па кора, па Фил од мармалад (фил 4), на крај се завршува со кора.
Се пече 10 мин. на 180 степени и уште 60 мин. на 150.
Кога е печена одозгора може по желба да се намачка со мармалад и да се нароси со мелени ореви, јас не ставив зошто сакав да гледам убаво печена превкусна кора.