Мафини Божилак
Состојки
- 390 гр брашно
- 250 гр шеќер
- 200 гр темно чоколадо
- 360 гр млеко
- 170 гр путер
- 2 јајца
- 3 лажици какао
- 1/2 кесичка прашак за пециво
- 100 гр сецкани ореви
- За декорација
- по потреба шлаг пена
- по желба прехранбени бои
Подготовка
Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, какаото и пецивото. Промешајте. На страна во друг сад изматете ги јајцата со млекото и путерот. Кога ќе се добие убава изедначена смеса, помешајте ги со сувите состојки и промешајте убаво со силиконска лажица. На крај додадете ги исецканите ореви и чоколадата исто така исецкана на ситни парчиња.
Од готовата смеса, наполнете ги калапите за мафини, две третини и ставете да се печат на 180 степени, 30 до 35 мин. Од оваа количина мене ми излегоа 20-тина мафини. Готовите мафини одозгора декорирајте ги како сакате, јас овој пат направив шлаг пена во боите на виножитото.
На здравје