Најк торта
Состојки
- Пандишпан
- 4 јајца
- 200 гр шеќер
- 100 гр путер
- 100 гр чоколада за готвење
- 100 гр мелени лешници
- 120 гр брашно
- 1 прашак за пециво
- Фил
- 500 гр маскарпоне
- 150 гр слатка павлака
- 3 полни лажици нутела
Подготовка
Со оваа торта го прославивме роденденот на мојот син.
Најпрво подгответе го филот.
Изматете ја слатката павлака, потоа додајтего маскрпонето и нутелата и со мала брзина на кратко доизматите кремот да се изедначи. Покријте го и оставете го во фрижидер додека го подготвувате пандишпанот.
Подготовка на пандишпанот.
Чоколадата и путерот стопете ги на пареа и оставете ги да оладат.
Јајцата со шеќерот и ванилата изматете ги во кремаста светла смеса. Потоа додајте ги чоколадата и путерот и повторно изматете ги да се соединат.
На крај додајте ги заедно измешани брашното, лешниците и пецивото. Смесата измешајте ја со жица или голема лажица да се изедначи. Истурете ја во намачкана со путер и набрашнета тава бр.26 и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и пресечете го хоризонтално на половина.
На една половина нанесете го филот, израмнете го и ставете ја другата половина пандишпан. Малку одозгора притиснете да се залепи.
Целата торта премачкајте ја со тенок слој од изматена слатка павлака и потоа со фондан украсете ја со знакчето и буквите од најк.