Испечати

Солени кошнички со пармезан

Солени кошнички со пармезан

Состојки

  • Тесто за кошничките
  • 100 гр путер
  • 200 гр брашно
  • 1 мало јајце
  • 1/4 лажиче сол
  • 1/4 лажиче прашак за пециво
  • прстофат црн пипер
  • Фил од пармезан
  • 150 гр пармезан
  • 2 жолчки
  • 50 мл павлака за готвење
  • За декорација
  • 10-на зрна бело грозје
  • 16 јатки од орев

Подготовка

Подготовка на кошничките
Во сад ставете ги сите состојки за тесто и замесите мазно и нелепливо тесто. Ако е потребно при месењето додајте уште брашно за да не се лепи.
Од тестото на набрашнете површина развлечите кора дебела 4-5 мм и со голема чаша вадите кругови. Секој круг ставајте го во метални калапчина за кошнички, израмнете го со прстите и малку избоцкајте ги со вилушка.
Тестото се премесува додека се потроши.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15-мин да добијат жолтеникава боја.
Оставете ги да оладат и потоа полнете ги со филот.

Подготовка на филот
Измешајте ги пермезанот и жолчките и ставете ги на пареа да се топат. Додајте ја павлаката за готвење и мешајте додека се добие изедначена течна смеса.
Одма додека е топла полнете ги кошничките и одозгора наредете по јатка орев и од зрната грозје исечени на кругчина.
Пред служење чувајте ги во фрижидер.