Солена торта од пилешко месо

Состојки
- 3-5 парчиња пилешки гради
 - сенф за премачкување
 - 200-300гр шунка или друго сувомеснато
 - 200-300гр кашкавал
 - За прелив
 - 500мл павлака за готвење
 - 2 јајца
 - 2-3 лажици брашно
 - по вкус/по потреба мешан сув зачин, сол, бибер
 
Подготовка
Кажете ѝ фала на братучедка ми што ми кажува супер лесни, супер брзи и екстремно вкусни рецепти =))
Пилешките гради исечете ги на половина по должина. Доколку се подебели исечете ги на три дела. Премачкајте ги со сенф и посолете и зачинете по желба.
 Наредете ги на дното од садот за печење. Врз пилешкото месо ставете ред сувомеснато, ред кашкавал (можете тенко сечени парчиња или рендан) и повторно наредете пилешко месо, сувомеснато и кашкавал.
Јајцата убаво изматете ги, додадете ја павлаката за готвење и брашното. Убаво промешајте да се соедини, да нема грутки од брашното и прелејте ја тортата од пилешко месо.
Печете на 180 степени окулу 40 минути.
 Сечете и служете ја тортата оладена за да биде убаво стегната.
Мерките се дадени од прилика, се зависи од големината на тавчето кое ќе го користите и колку реда ќе сакате да има.