Испечати

Брз сос за тестенини со повеќе видови печурки (рецепт на Џејми Оливер)

Брз сос за тестенини со повеќе видови печурки (рецепт на Џејми Оливер)

Состојки

  • За сосот
  • 100гр шампињони
  • 100гр буковки
  • 100гр вргањ
  • 100гр шитаке
  • 200-300гр кашкавал
  • количина по желба сок од лимон (задолжително)
  • по потреба/желба сув или свеж босилек, оригано...
  • Тестетнини по желба
  • 500гр макарони или кои било други тестенини

Подготовка

Еден од моите омилени начини на приготвување тестенини. За жал ретко ги наоѓам во исто време различни видови печурки, па често ги приготвувам со ист вид или 2-3 вида печурки. Подготовката е екстремно лесна, а вкусни се до небо и назад.
ЗДРАВО КЛАРА! Знам лиги ти течат сега =)))
Не мора да се користат макарони, може кои било тестенини и за половина килограм тестенини, можете да користите окулу половина килограм печурки, комбинација по желба.

Значи, видовите на печурки ги одбирате сами. Пожелно е да се свежи. Еднаш пробав со дехидрирани шитаке, па нешто да ги топам во вода и сл, ама не беше најнај.

Ставете сад со вода да зоврие. Во садот ставете ги тестенините и намалете ја јачината на огинот.
Додека се варат тестенините исецкајте ги печурките на парчиња големина по желба. Пржете ги во врело масло. Џејми Оливер вели дека ако ги ставите во врело масло ќе се спржат, ако ги ставите во млако ќе се варат. Јас го слушам, умен е =))
Кога убаво ќе се испржат печурките додадете го изренданиот кашкавал, промешајте убаво да се соедини и растопи и на крај додадете го сокот од лимон.
Во голем сад соединете ги тестенините со печурките и убаво промешајте.

Толку. Брзо, едноставно и најважно вкусно!

Сум го правела рецептов многу пати. Да не беше натпреваров искрено ќе го заборавев комплетно.
Сум го приготвувала и со еден вид на печурки и со четири вида печурки. Ќе звучи чудно, ама има голема разлика. Секако е вкусно, но многу повкусно е кога се различни видови печурки.
Еднаш пробав да забушам и не ставив сок од лимон, па од сред јадење станував да додадам. Некој феноменален вкус му дава сокот од лимон на јадењето.
Почесто додавам сушен босилек, поубав ми е од свежиот.