Сируп од аронија
Состојки
- 1 кг свежа аронија
- 600 гр шеќер
Подготовка
За аронијата мислам дека и не треба многу да кажам. Нема некој што не знае колку е здрава и неопходна во нашиот живот. Има многу лековити својства од кој најпознати се циркулација и прочистување на крвта, смирување на главоболка, спречува развој на вирусни и бактериски инфекции ......
Аронијата е храна и лек.
Во контекст на тоа јас ќе ја прикажам како сок и лек.
Подготовката е следна
Аронијата ја пасираме или ја минеме на блендер.
Додаваме шеќер само 200 гр и промешуваме.
Оставаме на ладно 24 часа.
Постепено во тие 24 часа додаваме по малку шеќер, се додека не се потроши шеќерот.
После 24 часа го цедиме убаво сокот на соковник и го ставаме да зоврие.
Штом почнува да врие што би рекле *клуч, веднаш се вади од оган и се собира во шише.
Сокот е дебел, густ и убав.
Се чува во ладилник и се пие на гладно срце по 1 лажица.
Јас го уптребувам за мојата ќерка, која не сакаше да слушне да ја конзумира аронијата во свежа состојба.
Вака оди полесно.
Кога е за лек и подобрување на крвна слика, покачување на имунитет, мислам дека на никој нема да му штети, ако проба.
За здравје.