Бронхи шнит торта
Состојки
- за три кори
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 1 полна лажица густин
- 2 лажици какао
- 50гр. сецкана чоколада
- 2 лажици оцет
- прстофар сол
- фил
- 500мл. млеко
- 150гр. бронхи бомбони
- 8 жолчки
- 2 пудинга од ванила
- 120мл. слатка павлака
- 100гр. путер
- 50гр. чоколада
- 300мл.слатка павлака за филување
Подготовка
Оригиналниот рецепт ја видов во кујната на Миња. Нешто малку изменив, нешто додадов ама вкусот на бронхито си го направи своето.
Подготовка.
1. Почнувам со подготовка на филот млекото(400мл) го загревам на умерена температура заедно со бронхи бомбоните. Жолчките, пудингот и млекото ги соединуваме и полека ги сипуваме во предходното зовриено млеко заедно со бронхи бомбоните. Вариме крем кој го оставаме да се излади. Слатката павлака ја матиме го додаваме путерот во неа и целата смеса заедно со предходниот фил матејки ја соединуваме. Во оригинал филот треба да го поделите на два дела и во едниот дел да ја додадете чоколадата. Јас чоколадата ја додадов во целиот фил и не го делев на два дела. Филот е готов.
2. Белките ги матиме во цврст снег со прстофат сол постепено го додаваме шеќерот и матиме. Брашното, густинот го додаваме мешаме со лажица и на крај го ставаме оцетот. Смесата треба да се подели на два дела и во едниот дел да се додаде какаото. Треба да се пече во плех со димензии 30 *40сантиметри. Јас малку искомплицирав, па ја печев во малата ростер тава. Една третина оделив во неа исецкав 50гр.чоколата. Ја печев на 180степени околу половина час. Во остатокот од тестото го додадов какаото, испеков една кора која едвај ја поделив т.е исеков на две. Мој совет печете во голем плех една кора, една половина нека е со какао друга половина бела. И нив исечете ги на пола така што ќе добиете две бели и две црни теста.
3. На послужавник ставете прво црно тесто фил, бело тесто фил и на крај црно тесто па фил. Слатката павлака ја матиме и декорираме.
Добар апетит!!!