Зеленчукова чорба
Состојки
- 2 моркови
- 1 мал компир
- 1/2 тикве
- 1/2 корен целер
- 1/2 корен пашканат
- 200гр брокула
- 1,5литар вода
- 80 гр тестенини за супа
- шафран, зачин, бибер, магдонос, листови целер, маслиново масло
- за зачинување
- 1 јајце
- 150 мл јогурт
- сок од лимон или јаболков оцет
Подготовка
Многу вкусна, лесна чорба, која добро ќе ни дојде во овој период на настинки, поради променливото време.
На 1-2 лажици по можност ладно цедено маслиново масло се запржува сецканиот морков,1-2 минути.
Потоа се додава целиот исецкан зеленчук освен брокулата.
Се пропржува 2-3 минути, па се налива вода. Се зачинува по вкус.
Се остава да зоврие, па се додаваат фидето или некоја друга тестенина.
Пред да биде сварен целиот зеленчук, (ќе требаат околу 10 минути) се додаваат цветчињата брокула, како не би ја изгубиле хранливоста и бојата.
Се вари 1-2 минути.
Во еден тањир се соединуваат јајцето, јогуртот и лимоновиот сок или јаболковиот оцет.
Се додава сецкан магдонос и листови целер.
Со постојано мешање оваа сос се става во тенџерето со сварената супа.
Се промешува внимателно за да не се подвари јајцето.
Наздравје