Младо пиле на ражен
Состојки
- 1 младо пиле ( 800 гр )
- За премаз
- 1 мала лажичка маргарин
- 1 лажиче црвен пипер
- 1 лажиче црн бибер
- 1 лажиче мешан зачин
Подготовка
И дојде ред да ставам еден рецепт со моето ново апаратче Делимано апарат за гиро.
Мислев да го почувам уште некое време, па да го употребам кога моето семејство ќе е комплетно, но пиленцето што го имав дома не викаше така.
Децата се израдуваа кога спомнав дека денес Сара ќе го премачкува, а Елена со помош на мама ќе го посоли и закотви во апаратот.
Така и бидна.
Заедно со вредните рачиња на моите ќерки си направивме вкусен ручек за 40 минути.
Го посоливме пиленцето од сите страни и во внатрешноста.
Требаше да му ги врземе рачињата и ножињата како што вели Сара, ама жал ни беше, хахах ,па го ставивме така.
Пред и по ставањето на пиленцето ставив по една главица кромид.
Другото е работа на апаратчето.
Го пуштивме копчето и веќе почна да се сеќава првата миризба на печенко.
Пред 5 минутки од вадењето на пилето, го премачкавме со мешавината од црвен пипер, бибер и стопен маргарин, а додадов и малку мешан зачин.
Со четкичка лизгавме по секое делче на пилето.
Миризбата беше одлична. Го исклучивме апаратчето точно на 40 минути.
Откако се испече пиленцето и доби убава румена боја и од пиперот, го оставив уште 10 минути да стои.
Полека го отстранив од апаратчето, и верувајте почнаа да квкаат моиве мали коковчиња. Му го изедоа ножето, ете се гледа на сликата.
Благодарност што ве има Мои Рецепти, благодарност што постојат Делимано.
За сите останати ќе кажам дека ова е најубавиот начин на кој досега сум подготвила пиленце. Пробајте па кажете. На здравје.