Испечати

Солена обланда со печурки

Солена обланда со печурки

Состојки

  • 1 пакување обланди
  • За филот
  • 300гр. крем сирење
  • 250гр. топено сирење
  • 300гр. мајонез
  • 300гр. шампињони
  • 300гр. шунка
  • 300гр. кашкавал
  • 3 варени јајца
  • 1 кисела павлака
  • 100гр.печени лупени кикирики
  • малку масло
  • по вкус сол
  • по вкус црна пипер

Подготовка

Многу вкусна солена обланда. Редовно на свечено и празнично мени. Топло ви ја препорачувам.

Шампињоните ги сецкаме и пропржуваме на малку масло и им додаваме сол и црна пипер. Оставаме да изладат.
Јајцата ги вариме, се ладат и ги рендаме.
Кашкавалот и саламата исто ги рендаме.
Кикирчињата ги сецкаме.
Топеното сирење го матиме со миксер и му се додава крем сирењето. Убаво се соединува.
Ова е филчето со кое се премачкуваат обландите на рапавата страна. А, на мазната страна им се става по малку мајонез.
Обландите се редат со мазната страна надолу, се премачкува со филот и најпрво се става ренданата шунка, па кора која од долната страна е премачкана со мајонез, за подобро да залепи на филот.
Убаво се притиска, па се премачкува со филот од зденките и крем сирењето, па се посолува со ренданите јајца.
Па трет лист од обландата, кој одоздола е премачкан со мајонез.Пак фил и пржените печурки.
Четврт лист од обланда ( одоздола намачкан со мајонез) убаво се притиска, па се премачкува со фил и се става ренданиот кашкавал.
На крај петтата кора исто одоздола намачкана со мајонез.Одозгора не се премачкува со ништо.Убаво се завиткува со најлонска фолија.Се притиска за убаво да се залепат корите и филот.Се става во фрижидер да преноќи, за убаво да си примат корите од филот и да се стегни.
А, пред сервирање се премачкува со павлака и се наросува со сецканите кикири....
Се сечи по желба.
Пријатен апетит!!!