Испечати

Месни мафини со печурки,шунка и јајца

Месни мафини со печурки,шунка и јајца

Состојки

  • 150гр. пилешки стек
  • 1 јајце
  • 1 кромид
  • 1 лажичка мешан зачин
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лажичка лебни трошки
  • малку бибер,сецкан магданос
  • 200гр. мелено свинско месо
  • 1 јајца
  • 1 кромид
  • 1 лажичка мешан зачин
  • 1 црвен пипер
  • 1 лажичка лебни трошки
  • 100гр. сецкана шунка
  • малку бибер и магданос
  • фил
  • 4-5 средни варени јајца
  • 200гр. печурки
  • мешан варен зеленчук и варена пченка

Подготовка

Ми се виде како добра идеа да направам смеса за месен ролат и да ја ставам во калап за мафини. Внатрешноста морав да ја наполнам со нешто шарено и се разбира вкусно. Печурките и јајцето се вклопија во целост. Топло ви препорачувам да ги поготвите, секој ќе си добие по еден мафин малку варена пченка, пире или гарнир од зеленчук и ете ви комплетен ручек. Јас им смислив и друга намена за комплетирање на празнична или славска трпеза.
Подготовка.
1. Меленото свинско месо заедно со кромидот и сите зачини го замесуваме.
2. Пилешкото месо го сецкаме во сецко заедно со кромидот и сите зачини замесуваме. Да не заборавам да напишам дека во свинското мелено месо замесете ја и ситно сецканата шунка.
3. На почеток во силиконскиот калап за мафини ставете по малку од меленето свинско месо. Секое едно варено јајце исечете го на три дела. Ставете врз смесата со свинско месо по еден круг јајца врз јајцето печурки. Врз печурките ставете од пилешката смеса.
Печеме на 190степени 45мин. Декорираме со мешан зеленчук и варена пченка.
Се надевам дека ви се допаднаа-)
Добар апетит!!!