Испечати

Страчатела торта

Страчатела торта

Состојки

  • за пандишпан
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • пола пециво
  • за прелевање на пандишпанот
  • 100 мл млеко
  • за крем
  • 500 мл млеко
  • 6 жолчки
  • 150 гр шеќер
  • 400 мл слатка павлака
  • 2 кесички желатин
  • 100 гр рендано чоколадо

Подготовка

1. Подготовка на пандишпанот
Белките се матат со шеќерот, па се додава брашното и пецивото. Се пече во калап обложен со хартија за печење, на 200 степени околи 20 минути. Откако е печен пандишпанот, се боцка на неколку места и се прелева со врелото млеко. Се остава д асе излади.
2. Подготовка на кремот - Се вари 500 мл млеко. Жолчките и шеќерот се матат, па се прелеваат со врелото млеко и сето заедно се враќа на шпорет, на тивко, се меша додека не проврие, па се трга од огнот. Се остава малку да се излади, па додека е уште топол кремот во него се додаваат две кесички желатин, и се миксира. Се остава да се лади, а за тоа време ја матиме слатката павлака, па ја соединуваме кремот. Кога кремот е сосема ладен, додаваме рендано чоколадо и го промешуваме. Го ставаме кремот врз пандишпанот, и оставаме во фрижидер да се стегне.