Испечати

Видео рецепт: Maфини со банана

Видео рецепт: Maфини со банана

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 1,5 шолја брашно
  • 1 прашок за пециво (10 грама)
  • 1/2 лажичка сода
  • 3 банани
  • 1 јајце
  • 3/4 шолја кафеав шеќер
  • 1/3 шолја растопен путер
  • За КАРАМЕЛ ќе ви треба:
  • 1 шолја шеќер
  • 100 мл. млечна слатка павлака
  • Ќе ви треба и:
  • 100 гр. чоколадо

Фичо ќе ни покаже како да направиме вкусни мафини со карамел и банана, брзи и лесни за подготовка.

Подготовка

Чекор 1: Во длабок сад ставате го брашното, пецивото и содата. Во друг сад испасирајте ги бананите и додадете им екстракт од ванила.

Во трет сад изматете го јајцето, додадете ги бананите, кафеавиот шеќер и растопениот путер.

Спојте ги двете смеси и наполнете ги калапите. Оваа количина е доволна за 12 мафини.

Темното чоколадо исечкајте го на коцки и распределете го во секој калап еднакво.

Калапите печете ги во рерна на 175 степени, околу 20 минути.

Чекор 2: Во Садот за сос ставете го шеќерот и растопете го. Внимавајте да не ви загори.

Потоа додадете 100 мл слатка млечна павлака и мешате додека да се спојат состојките и не се добие карамел.

Внимавајте да не се изгорите, затоа што шеќерот кој се топи развива голема температура.

Чекор 3: Готовите мафини карамелизирајте ги и послужете ги по желба.

СОВЕТ: За да ви успее одреден рецепт кој во составот има брашно, многу е битен и типот на брашното кој го употребувате, односно зависи и од тоа како е мелено.