Испечати

Полнети тофи

Полнети тофи

Состојки

  • тесто
  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 12 лажици масло
  • 1 пециво
  • фил
  • пола литар млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 изматени јајца
  • 1 маргарин-150 гр шеќер во прав
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 2 банани

Подготовка

Тестото се спрема на вообичаен начин. Сите состојки се матат да се соединат. Се пече во калапи за мафини. На изладените колачи им се ваде средината. На нив се става по една лажица стопена чоколадо.
За филот се става млекото да врие и со изматените јајца и пудингот се вари крем. На оладениот крем се додава претходно изматен маргарин со шеќер во прав. На секое колаче се става фил со шприц, врз филот се става по едено крукче банана и одозгора се става изматен шлаг за декорација. Се наросува со рендано чоколадо