Ролована лазања
Состојки
- 500 гр кори за лазањи
- 200 гр кругови шунка
- 200 гр парчиња свински врат
- 250 гр кашкавал
- прелив
- 2 јајца
- 200 гр павлака
- 2 лажици рендан пармезан
- уште
- по потреба кечап
Подготовка
Поинаков начин на спремање на лазањи, но доста интересен и декоративен, за вкус да не зборуваме на обожавателите на лазањи ќе им се допадне.
Најпрво корите за лазањи се варат во посолена вода и една по една се редат на чиста и сува крпа.
За преливот се матат со вилушка јајцата, се додава павлаката и ренданиот пармезан, се посолува по вкус.
На секоја кора се премачкува од преливот, се реди прво лист шунка, па врат и на крај кашкавал. Се мота ролна и се редат во огноотпорен сад. Кога ќе се наредат сите ролни се прелеват со остатокот од преливот се шара со кечапот и се става на крај остатокот од кашкавалот. Се пече на 180 околу 25-30 минути.