Пита - пица
Состојки
- 1 кг готови кори
- 200гр месо
- 100гр. маринирани печурки
- 200гр кашкавал
- 1 домат
- 1 лажиче сол
- 1/2 страк праз
Подготовка
Месото го сечиме на коцки и го ставаме да се пржи заедно со исецканиот праз.Откако ќе се испржи ги додаваме и печурките.
На намрсена тава редиме 3-4 кори. Врз неа го редиме месото со печурките и празот. Го рендаме и кашкавалот.(може и парчиња).
Врз нив пак ставаме кори. Печеме во загреана рерна додека не порумени.