Испечати

Прилепска пита со праз

Прилепска пита со праз

Состојки

  • тесто
  • 600 гр брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 мало лажиче сол
  • половина лажиче шеќер
  • 1 лажиче сув квасец
  • околу 250 мл млака вода
  • 250 гр маргарин
  • фил
  • 2-3 страка праз
  • по желба зачини сол. мешан сув зеленчук. бибер

Подготовка

Во подлабок сад се мешаат сувите состојки, брашно, сол, квасец и шеќер. Се додава маслото и со млака вода се замесува средно меко тесто. Откако е тестото убаво измесено се дели на два дела, од кои едниот дел е поголем а другиот помал. Секоја кора се развлекува со дебелина од 0.5 мм и се премачкува со еден слој маргарин претходно оставен на собна температура. Кората се прекрива до третина и повторно се мачка со маргарин. И другана страна се преклопува. Таа постапка се повторува на секое преклопување додека не добиеме форма на плик или коцка. Тестото се остава во фрижидер 15-20 мин. Истото се прави и со помалата кора.
Во меѓувреме се подротвува филот. Во тава на загреано масло се става претходно исчистениот и исечкан праз да се пржи. Се зачинува по вкус со сол. бибер мешан сув зеленчук а може и лажичка црвен пипер
Плехот за печење на мачка со маргарин. Поголемата кора се развлекува со сукало во големина малку поголема од избраниот плех, оваа кора е подебела и се става на дното од плехот. Врз неа рамномерно се нанесува филот од праз. Со сукалка се развлекува и помалата кора која треба да е потенка и со неа се покрива филот и се прават -набори- на питата. Се прави по крај витка од долната кора и со прст се прават дупчиња во питата 4-5 кои треба да продираат до дното на плехот(за да не набубри средината на питата). Се попрскува со масло и парченца путер и се пече 25-30 мин на 180 степени.