Испечати

Колачи Сфери

Колачи Сфери

Состојки

  • 1 маргарин
  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл зејтин
  • 600 гр брашно
  • 150 гр кокос
  • 1 пециво
  • 100 гр сецкано чоколадо

Подготовка

Брзи и лесни бисквит колачи кои може да стојат подолго време, а и излегуваат прилично многу.
1. Јајцата и шеќерот се бијат, па се додава маргаринот и зејтинот, и на крај брашното и пецивото.
2. Се меси убаво тестото па се додава кокос и сецкано чоколадо. Јас употребив 50 гр црно и 50 гр бело чоколадо.
3. Се рассукува кора од која се вадат форми и се печат на 200 степени.
Дел од формите ги направив со чаша т.е. „сфери“ а дел со калапчињата од делимано.