Испечати

Макарони со спанаќ, пилешко и печурки

Макарони со спанаќ, пилешко и печурки

Состојки

  • 250гр. макарони
  • 250гр. спанаќ
  • 2 батаци со карабатак
  • 150гр. свежи шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици рикота
  • 100мл. цврст јогурт
  • 1/2 лажичка копар
  • 3-4 суви домати во масло
  • по потреба маслиново масло, сол, црн бибер

Подготовка

Најпрвин сварете ги батаците.
Во тенџере со зовриена солена вода ставете ги макароните да се варат.

Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Додајте ги сецканите шампињони и лукче и пржете додека испари водата која ја пуштаат печурките.
Додајте го спанаќот искинат на парчиња и пржете додека омекне.
Потоа додајте ги парчињата пилешко месо и сувите домати.
Откако ќе се подзапржи и месото, исклучете го шпоретот и додајте ги рикотата(може да употребите и несолена урда),јогуртот и копарот.
Посолете, наросете црн бибер и додајте ги сварените макарони со малку од водата во која се вареле.
Измешајте и послужете.