Гулаш од печурки и пилешко месо со тестенини
Состојки
- 200 гр пилешки гради - подварени и исецкани на коцки
- 1 лажица брашно (за прпелање на стекот)
- 1 средна главица кромид
- 2 средни моркови - исецкани на коцки
- 3 чешниња лук
- 400 гр печурки-исецкани на коцки (јас користев вргањ)
- 150 мл бело вино
- 1 зеленчукова коцка за супа
- 600 мл вода
- 2 ловоров лист
- 1 лажица црвена пипер
- 1 лажица ситно иситнет свеж магдонос
- 200 гр тестенини
Подготовка
Пред се морам да ви кажам дека овој рецепт навистина ме воодушеви и баш како што и добив комплимент вреди за 10-ка хехехе ете и се пофалив хехехе
Искрено ви го препорачам да го пробате овој рецепт, навистина ќе се воодушевите од вкусот...состојките се многу убаво соединети, но мислам дека баш вргањот е оној што му го дава шмекот на целото јадење
1. Најпрво ги варите свежите исечкани печурки во врела и закиселена вода додека обелат и потоа убаво ги оставате да се исцедат и изладат. Ги пржите во поголема количина загреано масло да станат крцкави. Сега да ви кажам дека оваа процедура ја правите доколку вие сакате, значи доколку планирате свежите печурки убаво да ги проварите, доколку не тогаш само исецкајте ги, ќе ги пржите со другите состојки
2. Стекот прво малку го проваруваме и потоа го сецкаме на коцки, го прпеламе во брашно и го пржиме на загреано масло додека порумени и го ставаме во тацна
3. На маслото каде се пржеше стекот го додаваме исецканиот кромид да се испржи и потоа го додаваме на коцки исецканиот морков и тој да се потпржи, па го додаваме лукот и се динста сето тоа уште малку.
4. Потоа се додаваат и печурките и се пржи уште неколку минути па се додава стекот, ловоровиот лист и сето тоа се залева со белото вино и се пропржува уште малку на силен оган неколку минути додека да испари алкохолот.
5. Се полева со водата и се додаваат коцката супа, магдоносот и преостанатите зачини-посолуваме по вкус и оставаме да се динста на тивок оган 20-тина минути додека состојките убаво не се соединат и омекнат
6. Во меѓувреме ги припремаме тестенините. Ги вариме и потоа ги цедиме и додаваме во гулашот
И што да ви кажам друго освен осигурајте си ги прстите хехехеххехе
Пријатно јадење