Испечати

Медењаци

Медењаци

Состојки

  • 3 шољи млеко
  • 3 шољи шеќер
  • 6 шољи брашно
  • 2 големи лажици слатко (мед)
  • 2 мали лажици цимет
  • 4 мали лажици сода бикарбона
  • 1 чоколадо за готвење за глазура

Подготовка

Медењациве се наканив да ги подготвам за годишнина од брак, не дека се ни е медено, ама ете да има нешто благо за адет, а и секогаш кога ги подготвувам, уживам во преубавиот мирис во кујната додека се печат.

Сите состојки се ставаат во сад за матење, освен слаткото (медот по желба) и се матат да се добие изедначена смеса. Потоа смесата се претура во тава за печење и се пече на температура од 200 степени, околу 30 до 45 минути, зависно од рерната, додека да се запече убаво, т.е. да се одлепи тестото од краевите на тавата.

Врз испеченото тесто се размачкува слаткото, па целото одозгора се прелива со топено чоколадо.

Се сече на коцки и се јаде едно по едно!
Шољата е 200мл.