Испечати

Сарма од лозов лист со печурки (посно)

Сарма од лозов лист со печурки (посно)

Состојки

  • 30тина листови од лоза
  • 2 филџана ориз
  • 500гр печурки
  • една рака соја (по желба)
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 1-2 лажица сол
  • 1/2 лажица црн пипер
  • 1 лажица мешани зачини

Подготовка

Благодарение на баба ми што ме потсети годинава на време да си замрзнам листови од лоза, периодов ќе можам сама да спремам кога ќе посакам, а не како претходните години кога се молев да ми даде од нејзините.

Листовите се попаруваат со врела вода, па се остава да се оладат. Во меѓувреме се спрема оризот.

Се пушта рерната да се загрева на 250степени.

Во тава со малку зејтин се става ситно насецканиот морков и кромид и се пропржуваат малку (околу 2-3 мин) па се додаваат печурките и се пропржува додека малку да заруменеат печурките. Потоа се додаваат сојата и оризот и се меша добро да се соедини. Се додаваат зачините и се трга од оган.
Изладените листови се мотаат со една голема лажица ориз. Се редат во подлабок сад. Се полеваат со врела вода, околу 2 литра вода, треба да бидат добро залиени сармите со вода.
Се пече 40мин на 250степени, а потоа уште пола час на 180степени.