Пинџур со морков и модар патлиџан
Состојки
- 20кг црвени пиперки
- 10кг зелени пиперки
- 7кг модар патлиџан
- 3кг морков
- 5кг црвени домати
- 2л зејтин
- 5 лажици сенф
- 1 филџан шеќер
- 1 филџан сол
- 1 главица лук
Подготовка
Црвените домати се лупат, мелат и се варат додека течноста се згусне.
Пиперките се печат, лупат и се чистат од семки, па се ставаат во решетка да се одцедат.
Модрите патлиџани се печат и се лупат, па и тие се ставаат да се одцедат. Најубаво се печат во плех во рерна и полесно се лупат.
Морковот се чисти и се вари.
Одкако ќе се спреми целиот зарзават се меле на машина.
Во поголема шерпа на дно се става сварениот црвен патлиџан па се додаваат пиперот, морковот и модрите патлиџани. Се додава и 1л зејтин и смесата се пржи на потивок оган со постојано мешање. Одкако ќе испари водата-сокот што ќе го пушти зарзаватот се додава и 1 л зејтин и пинџурот се пржи на посилен оган се додека лажицата не почне да прави пат во шерпата.
Додека се варат црвените домати се додава и филџанот шеќер во нив.
Пред крај на пржењето се додава сол и сенф и по вкус лукот. Лукот може и да се изостави затоа напишав по вкус.
Ова е пинџур по рецепт на мојата мајка и многу е вкусен