Најдобрата домашна пица
Состојки
- тесто
- 340 гр брашно
- 4 лажици масло
- 1 мала лажичка сув квасец
- 1/2 мала лажичка пециво
- прстофат сол
- прсофат шеќер
- 100 мл вода
- 50 мл млеко
- фил
- 160 гр кашкавал-ајдамер
- 100 гр печеница
- 70 гр свежи печурки
- по потреба доматно пире
Подготовка
Во подлабок сад се ставаат сувите состојки, брашно, сол, шеќер, квасец и пециво.Се додава и маслото. Откако ќе ги измешаме водата и млекото, ги загреваме на умерена температура, и замесуваме меко тесто.Тестото го покриваме со најлонска фолија и го оставаме да кисне.
За добра пица најбитно е веќе стасаното тесто да не се сучи со сукалка, туку да се развлекува со раце , за да не ги изгуби меурчињата. Од оваа количина се добиваат две средни пици.Не со прстите туку со дланката полека се развлекува тестото во круг, притоа надворешниот раб од кругот да остане подебел.Јас вака добиеното тесто го ставам на парче алуминиумска фолија, додека уште не е наредено со фил и го печам на истата.
Рерната се загрева на највисока температура, кај мене е на 300 степени и од кога пицата е намачкана со доматно пире, кашкавал, печеница и листови печурки се става сусам по крајот и јас ја ставам пицата на дното од релната 2 мин да се потпече.Потоа уклучувам опција за печење со вентилатор, отварам релната и ја преместувам така потпечената пица на решетката која е поставена во средина на релната.Печам уште 2-3 мин и резултатот е фантастичен, екстремно вкусна и мека пица како да е печена во фурна на дрва. Истата постапкаа е и за втората пица.Епа ај на здравје....