Испечати

Едноставен ролат со банани и еурокрем

Едноставен ролат со банани и еурокрем

Состојки

  • За кора
  • 4 јајца
  • 200гр. шеќер
  • 2 ванили
  • 150гр. брашно
  • 1 пециво
  • 2 лажици какао
  • 5-6 лажици млеко
  • За фил
  • 1/2 л. млеко
  • 1-2 ванили
  • 1 пудинг со вкус на ванила
  • 200гр. шлаг пена
  • 200мл. минерална вода
  • Уште ни е потребно
  • по потреба еурокрем
  • 2-3 банани

Подготовка

Едноставен ролат, добро познат вкус.Тешко кој може да му одолее...

Се матат белките со неколку зрнца сол, кога убаво ќе запенат, се направи густа пена, се додава шеќерот со ванилите -постепено и се мати додека не се направи јак шам. Се додаваат жолчките една по една, убаво се соединува смесата. На крај се додава просеаното брашно помешано со пециво (се води сметка да не ни спадни смесата.) Во мал дел се додава какаото претходно растворено во млекото. Се прави шара со таа смеса.
Се печи во плех, на малку намрсена хартија за печење на 180 степени 20-25 мин., во претходно загреана рерна.Печената кора се става помеѓу две влажни кујнски крпи и се остава да излади....

Филот се спрема стандардно.
Пудингот се вари и се остава потполно да излади со повремени промешувања. Шлаг пената се мати со ладната киселата вода во јака и густа смеса. Двете смеси се соединуваат и изедначуваат.

Финалната постапка
Кората се премачкува со по малку еурокрем, па се премачкува со филот, се редат бананите, се витка ролатот. Се премачкува со малку фил, кој сме го оставиле претходно. Украсете по желба.