Испечати

Видео рецепт: Ролат Медено срце

Видео рецепт: Ролат Медено срце

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1/2 пакетче прашок за пециво
  • 2 лажици какао
  • 1/2 пакетче цимет
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 6 лажици џем од црни сливи
  • 2 лажици рум
  • За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
  • 100 гр. црно чоколадо
  • 2 лажици масло

Денес ќе готвиме заедно со Марија, готвач член на нашата веб-страница. Марија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Ролат Медено срце.

Шарен ролат со џем од црни сливи и чоколадо, со вкус на Медено срце!

Подготовка

Чекор 1: Јајцата и шеќерот изматете ги пенесто, додадете го брашното, прашокот за пециво и убаво промешајте. Во тавата истурете 1/3 од смесата. Во преостанатиот дел додадете го какаото, убаво соединете го и сипете ја темната смеса врз белата.

Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути, или проверете со чепкалка, кога ќе излезе сува.

Чекор 2: Печеното тесто завиткајте го во влажна крпа и оставете го да се излади.

Џемот од сливи и румот убаво изблендирајте ги. Премачкајте го рамномерно изладеното тесто. Завиткајте го во ролат.

Чекор 3: Чоколадото и маслото растопете ги на пареа и премачкајте го ролатот.

Чекор 4: Може да сервирате и веднаш, или да почекате да се излади и да се спои ролатот.

СОВЕТ: Има вкус сличен на колачињата Медено срце. Полнењето со џем ќе зависи од вашиот вкус.