Булгур и киноа со печурки и мисиркино месо
Состојки
- 250гр. мешавина од булгур и црвена киноа
- 1 мисиркин батак
- 250гр. свежи шампињони
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 стебленце(средна големина) целер
- 1 морков
- 1/2 лажичка рендан свеж ѓумбир
- 1/2 лажичка куркума
- 2-3 лажици соја сос
- 1 лажица ворчестер сос
- 1 лажичка сецкан магдонос
- по потреба сол, црн бибер, маслиново масло.
Подготовка
Најпрвин сварете го мисиркиниот батак.
Во поголема количина зовриена додајте ја мешавината од булгур и киноа.
Додајте во водата и малку сол и варете 12 минути(според упатството на кесичката).
Во тава на оган ставете маслиново масло.
Додајте ги сецканиот кромид, лук, целер, ренданиот морков и печурките исечени на листови.
Откако зеленчукот ќе омекне додајте го и месото од мисиркиниот батак искинато на парчиња.
Додајте ги ренданиот ѓумбир, куркумата, соја сосот и ворчестер сосот.
Посолете, наросете црн бибер и оставете уште малку на оган.
При крај додајте го сецканиот магдонос.
Вака спреманите печурки со мисиркино месо послужете ги со сварената и исцедена мешавина од булгур и киноа попрскана со маслиново масло.