Тост со јајца
Состојки
- 2 кришки леб
- 2 јајца
- 4 парчиња кашкавал
- 4 парчиња печеница
Подготовка
Кришките леб ги запечуваме. Јајцата ги пржиме на око.
Врз лебот прво ставаме едно парче кашкавал па 2 парчиња печеница, па јајцето и врз него пак парче кашкавал.
Ги ставаме во микро или рерна колку да се растопи кашкавалот.Убав појадок !