Ориз со пилешко
Состојки
- 200гр ориз
- 1 главица кромид
- 200гр пилешки гради
- 1 морков
- 1 лажиче сол,зачин,бибер
- 1 домат
Подготовка
Пилешкото го обаруваме. Кромидот и морковот ситно ги сецкаме и ги ставаме да запржат. Го додаваме и оризот и пилешкото месо. Откако малку ќе се запржи додаваме вода или коцка супа околу еден филџан.
Оставаме водата да изврие. Кога ќе биде готово врз него ставаме ситно исецкан домат.