Испечати

Лосос со пире од компири и моркови

Лосос со пире од компири и моркови

Состојки

  • 2 парчиња лосос
  • За пире
  • 500 грама компири, сварени
  • 3-4 моркови, сварени
  • 1-2 коцки путер
  • 50 мл млеко + по потреба

Подготовка

Сигурно сум спомнала до сега, но еве пак да си кажам - јас обожавам компири во сите, ама баш сите, варијанти. Ова пире е направено со додаток на морков. Јас моркови не јадам, но со компирите одлично се спои и беше прва лига.
Со пирето, јадевме и лосос, печен, зачинет само со сол и бибер. Еден здрав неделен ручек, кој беше прекусен!

Прво, котлетите риба попрскајте ги со маслиново масло од двете страни и зачинете ги со сол и бибер. Наредете ги на хартија за печење и на тавче ставете ги да се печат во рерна на 180 Целиусови степени, околу 15-20 минути, односно додека да не биде црвено месото на рибата од внатре.

За тоа време, направете го пирето, така што ќе ги сварите компирите и морковите. Кога ќе бидат меки, испасирајте ги и додека се топли ставете им ги путерот и млекото. Мешајте и зачинете со сол и бибер по вкус.

Салатата во прилог е свежа салата од спанаќ, марула, мандарини, ореви, зрна од калинка и лимон.

Сето се совпадна одлично. Се надевам дека некогаш ќе ја пробате оваа прекрасна комбинација на вкусови.