Испечати

Тортиљи со печурки и домашен кечап

Тортиљи со печурки и домашен кечап

Состојки

  • 8 парчиња тортиљи
  • 200гр (+/_) мелено месо
  • 100гр. кашкавал
  • 100гр. печурки
  • 200-300мл домашен кечап (салце)

Подготовка

Состојките се пишани отприлика, кој сака може да намали или додаде некоја состојка, се е до вкусот, кој како му одговара.
Меленото месо го пржиме и ги додаваме печурките. Ги премашкуваме тортиљлите со салце. Додека е жешко месото го редиме на тортиљите и врз него нарендуваме кашкавал за да се растопи. Ги виткаме сите останати. На крај врз нив полеваме салце.