Кронат

Состојки
- 3/4 чаш топло млекоа
- 1лажица сув квасец
- 1/3 чаша шеќер
- 2 јајца
- 1 ванила
- 3 и1/2 чаши брашно
- 150-200гр маргарин
- за прелив по желба, шеќер во прав, јаворов сируп, цимет.......
Подготовка
Драги мои, моето љубопитство се исплатеше.
 Неодамна во една статија на интернет прочитав за овој рецепт-КРОНАТ.
 Сето започнало во Америка, кога пекарот по име Доминик Ансел во мај оваа година сакал да направи некое ново слатко и почнал да експериментира со вкусовите. Тој го направил Кронатот кој предизвикал хистерија во Америка
 Тоа е комбинација на францускиот кроасан и америчките крофни.
Цела куќа ќе ви мириса на пекара.
 Крцкави слатки задоволства на кои не можете да им одолеете.
 Топло ви ги препорачувам.
 Во еден сад се ставаат млекото и квасецот и оставете ги 10 минути
 Се додаваат шеќерот, јајцата, ванилата убаво сето се промешува.
 Постепено се додава брашното, но не целосно ( ќе ви остане малку)
 Останатаото брашно додадете го во вангличка во кој е маргаринот и изматете ги со миксер
 Тестото оставете го во еден сад 15 минути.
 Потоа од него се расукува кора и се премачкува со маргаринот.
 Се предиплува како кога се прави лиснато тесто.
 Нека одстои во фрижидер 20 минути.
 Постапката повторете ја уште 3 пати.
 Потоа се расукува една голема кора и со чаша се вадат форми, а во средината со мало чаше се вадат форми.
 Наредете ги на чиста крпа, нека одтојат 10 минути и пржете ги на не многу силен оган. Наредете ги на хартиени салфети.
 Посипете со шеќер во прав, цимет, јаворов сируп......Изборот е ваш
 Дебелината на кората одредете ја сами, се во зависност колку сакате да ви бидат високи кронатите.
 Јас ја исукав со дебелина од 5 мм.
 Наздравје и уживајте во фантастичниот крцкав вкус.