Крофните на свекрва ми
Состојки
- 500 гр брашно
- 1 квасец
- 3 дл млако млеко
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажичиња шеќер
- 4 жолчки
- 100 гр путер
Подготовка
1. Растворете го квасецот во 3 дл млако млеко, додадете го шеќерот,1 лажица брашно, покријте го садот и оставете го на топло, за да порасне.
2. Во поголем сад додадете го преостанатото брашно заедно со 1/2 лажичка сол, додадете 4 жолчки, 100 гр матен путер, а на крај квасецот, па замесете го тестото. Тестото кога ќе биде готово нема да се лепи на садот. Оставете го на умерено топло место да нарасне околу еден час. Треба да се дуплира.
3. На подлога поросена со брашно растегнете го тестото во правоаголник со дебелина 2 см. Намачкајте мармалад на едната половина од тестото, а со другата преклопете.
4. Со калап се вадат крофни, кои треба да отстојат 15 минути, а потоа ги спуштаме во поголема количина врело масло
5.Испржените крофни ги ставаме на чинија, посипуваме со шеќер во прав и ги служиме топли со џем.