Испечати

Оригинални италијански лазањи

Оригинални италијански лазањи

Состојки

  • 500 гр кори за лазањи
  • 200 гр кашкавал
  • Сос
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 400 мл сос од домати
  • 1 чаша црвено вино
  • 1 лажиче оригано
  • 1 лажиче сув магдонос
  • 2 лажици мешан сув зачин
  • Бешамел сос
  • 200 гр путер
  • 5 лажици брашно
  • 1 л млеко
  • 1 лажиче морско оревче
  • малку црн бибер
  • за одозгора
  • 150 гр кашкавал

Подготовка

1. Во тенџере ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете да се пржи ситно исецканиот кромид.
2. Кога ќе омекне ставете го лукчето да се пропржи и да пушти арома.
3. Ставете го виното и оставите да испари алхохолот
4. Потоа,ставете ги меленото месо и зачините. Убаво измешајте и ставете го сосот од домати, ориганото, магдоносот и мешаниот сув зачин. Покријте со капак и оставете да се вари на тивко околу 45 минути.
5. Во тенџерче за сос ставете 200 грама путер да се растопи
6. На растопениот путер ставете го брашното и пропржете
7. Полека ставајте го млекото и мешајте со лажица на тивок оган околу 15 минути, а крај ставете го морското оревче и биберот
8. Кога ќе го тргнете сосот настрана ставете го пармезанот и измешајте
9. На тавче за печење ставете еден ред тесто за лазањи (не треба да ги варите претходно), ред бешамел сос, ред болоњезе сос, малку изрендан кашкавал. Повторувајте така додека да ги потрошите сите состојки. 10. Кога ќе завршите ставете го одозгора преостанатиот бешамел сос и изренданиот кашкавал
11. Печете во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 45 минути
ПРИЈАТЕН АПЕТИТ