Кроасан кифли
Состојки
- За тесто
- 500гр. просеано бело брашно
- 30гр. пресен квасец
- 1 кафено лажиче сол
- 5 кафени лажичиња шеќер + 1 за во квасецот
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 250мл.топло млеко
- За премачкување на тестото
- 1 маргарин
- За фил
- по потреба еурокрем
- За премачкување
- 1 белка
- За посипување
- по потреба шеќер
Подготовка
Од наведените состојки за тестото замесете средно меко тесто. (Квасецот активирајте го дирекно во брашното, со 1 кафена лажичка шеќер и топло млеко, а со остатокот од млекото замесете.)
Намачкајте со малку масленце, покријте со најлонска фолија и ставете го во фрижидер за длабоко замрзнување 90-120 мин..
Потоа отворете кора и премачкајте ја со 1/3 од маргаринот, при што мачкате, па диплите, до образување на мало правоаголниче. Вратете во длабокото 30мин..
Постапката повторете ја уште 2 пати.
После третото одстојување во фрижидер, отворете правоаголна кора, поделете ја на 2 ленти, исечете триаголници.На секое триаголниче ставете еурокрем и завиткајте.
Наредете ги во намрсен плех или на хартија за печење и нека одстојат 90 мин..
Пред печење премачкајте со благо разматена белка.
Ставете ги да се печат во загреана рерна и тоа првите 10 мин. на 220 степени, а потоа намалете на 200 и печете додека поруменат.
После печење премачкајте со четче со по малку водичка и задушете ги.
Кога ќе изладат можите да ги наросите со шеќер во прав или така да ги послужите, во зависност од тоа кој е за колку благо....)))