Манџа од пилешки поткопани со зеленчук
Состојки
- 3 пилешки поткопани
- 1 главица сецкан кромид- виолетов
- 1 сецкан морков
- 1 сецкана црвена пиперка
- 1 лупен сецкан црвен домат
- 100гр грашок
- 3 лупени компири
- вода, сол, бибер, зачин, масло, магдонос, црвен пипер
Подготовка
Многу брз, вкусен ручек.
Најпрво во касерола се става масло и се запржуваат поткопаните од 2 страни.
Се додаваат сецканиот кромид и морков.
Се запржува 2-3 минути.
Потоа постепено се додава останатиот зеленчук и се динста во сокот околу 15 минути.
Се зачинува, се додава црвен пипер и вода околу 500 мл
Нека крчка на тивко уште 30 минути.