Испечати

Фантастични пралини со еурокрем

Фантастични пралини со еурокрем

Состојки

  • 200 гр црн еурокрем
  • 200 гр чоколадо за готвење (од европа)
  • 150 гр потпечени исецкани лешници
  • 150 гр потпечени исецкани ореви
  • 100 гр бело чоколадо за глазирање

Подготовка

Најпрво го растопуваме чоколадото за готвење во сад на пареа. Од како ќе се растопи, го додаваме еурокремот и убаво мешаме додека не се соедини целата смеса, при тоа не тргајки го садот од оган. Кога убаво ќе се растопи, садот го тргаме од оган и во него ги додаваме сецканите ореви и лешници и сето тоа убаво го промешуваме. Додека е сеуште топло, со лажица ги полниме силиконските калапи, кои претходно се обложени со бело чоколадо. Вака спремни, калапите ги ставаме во фрижидер за длабоко, да се стегнат.
Брзо, лесно и многу вкусно