Поховани лигњи
Состојки
- 500 гр лигњи
- 1 јајце
- 1 лажица млеко
- 150 гр брашно
- ½ лажичка сол
Подготовка
Лигњи,не само јас туку и моето семејство ги обожаваме и затоа решив да го поделам со вас овој многу лесен рецепт за подготовка. Најпрво исчистете ги лигњите, измијте ги и избришете ги со хартиена салфетка за да ја впиете влагата. Потоа исечете ги на прстени.
Во сад изматете го јајцето со една лажица млеко. Во друг сад измешајте го брашното со ½ лажичка сол. Валкајте ги лигњите во јајцето, па во брашното. Загрејте подлабока тава со масло на рингла на среден оган. Пржете ги околу 2 минути во загреаното масло, по неколку парчиња одеднаш, додека да добијат златно жолта боја.
Вадете ги од маслото во сад обложен со хартиена салфетка за да се впива вишокот масло.Сервирајте ги топлите лигњи со лимон...ПРИЈАТЕН АПЕТИТ...