Испечати

Чоколадна торта со јаболка

Чоколадна торта со јаболка

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 100 гр путер
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 100 гр мелени бадеми
  • 120 гр брашно
  • 1 прашак за пециво
  • 2-3 јаболка
  • За посипување
  • по потреба шеќер во прав и цимет

Подготовка

Чоколадата и путерот ставете ги на пареа да се стопат и оставете ги да оладат.
Јајцата, шеќерот и ванилата изматете ги да постанат кремасти и светли. Додајте ги путерот и чоколадата и повторно изматете да се соединат.
Додајте ги бадемите, брашното и пецивото и измешајте ги со голема лажица или жица да се изедначат.
Смесата истурете ја во намачкана со путер и набрашнета тава бр.26 и израмнете ја.
Јаболката излупете ги, исечете ги на парчиwа и наредете ги на целата површина од смесата. Ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 - 35 мин. или проверете со чепкалка дали е печена.
Печената торта оставете ја да олади, посипете ја со шеќер во прав измешан со цимет и послужете ја.